IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Промоција на воспоставувањето кириличен домен .мкд

На покана на МАРнет, НЕКСТ-ЕМ дооел, како регистрар,  присуствуваше на промоцијата на воспоставување кириличен домен . мкд, која се одржа на 14 Јануари 2015 год. со почеток во 11.30 ч. во просториите на Порта Македонија.
Министрите за информатичко општество и администрација,  Иво Ивановски и за култура, Елизабета Канческа Милевска денеска  го промовираа воспоставувањето национален кириличен домен .мкд во меѓународниот интернет простор.

Со овој домен ќе можат да се регистрираат интернет страници на кирилично писмо опфакајќи ги и карактеристичните букви од македонската азбука како љ, њ, ѓ, ж, ч, ш, како и џ.
Македонија е петта земја во светот која воспоставува национален кириличен домен на кирилица, по Русија, Србија, Казахстан и Монголија.
Првата интернет страница на кирилица, „влада.мкд“, е веќе воспоставена.
Процесот за стекнување нов национален кириличен домеин почна со јавно достапна анкета на која секој граќанин, институција или заинтересиран субјект можеше да го даде својот предлог. Заслужен за целата активност е МАРнет.
Моментно се работи на прилагодување на системот кој се користи за менаџирање на латиничните домеини – паралелно да биде искористен и за кириличните. Во тек е и резервација на кирилични домеини од страна на македонските државни институции и органи.