IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Услуги

Тековно компјутерско и мрежно одржување  
Во време кога целосното функционирање на сите системи во рамките на Вашата компанија е клучен фактор за добро функционирање, јасна е потребата од постојано и квалитетно одржување на компјутерската и мрежната опрема.
Ова златно правило за добар бизнис особено важи кај оние компании кои немаат сопствен ИТ сектор, или пак обемноста на работата налага овие активности да ги врши професионален тим кој преку квалитетен и редовен план ќе овозможи функционирање на системите 24/7.
Следејќи ги светските трендови и нашето повеќегодишно искуство нашиот ИТ сектор нуди целосно тековно компјутерско одржување според сите Ваши потреби.
Краткото време за кое нашиот ИТ тим ќе дојде во Вашите простории во комбинација со големиот број на партнери со кои имаме договори за обезбедување на резервни делови се гаранција дека проблемот ќе биде решен во најкраток можен рок.
За повеќе детали како и за можните планови за тековно одржување Ве молиме да не контактирате
 
 
Дизајн и имплементација на компјутерски мрежи  
Секоја компанија во текот на својот развој гради мрежна инфраструктура која овозможува побрза и подобра комуникација со своите вработени и со своите корисници. Развојот на технологијата налага изградба на мрежна инфраструктура која ќе биде хибридна и ќе овозможи нејзин рапиден развој и надградба.
За таа цел нашиот тим Ви нуди целосен дизајн и имплементација на компјутерски мрежи со помош на сите светски технологии од кои би сакале да ги издвоиме
  • Инсталација на бакарни кабли Cat5e и Cat6/7 10/100/1000MBit Ethernet
  • Инсталација на оптички кабли - SingleMode и MultiMode со брзини до 10Gbit Ethernet
  • Структурално каблирање - интегрално решение за телефон/мрежа/интернет низ истите бакарни или оптички кабли
  • Инсталација и одржување на активна и пасивна мрежна опрема: свичеви, рутери, кабинети, печ панели и сл.
  • Имплементација на безжични линкови, систем точка-точка или точка-повеќе точки
  • Градење на големи хибридни компјутерски мрежи - WAN, MAN, PAN

 

Комплетни веб решенија  

Потребата од претставување на Вашата компанија на интернет за нас претставува предизвик.
Без разлика дали сметате дека претставувањето треба да биде само во форма на едноставно портфолио или можеби сакате да станате Интернет фирма - нашиот тим на искусни дизајнери и веб програмери е тука да ги реализира Вашите соништа.
Нашето големо искуство во изработка на апликации за односи со корисници, продажба на продукти преку интернет, колаборација со Вашите вработени е елемент кој гарантира дека ќе направиме функционално решение кое во целост ќе ги задоволи Вашите барања и барањата на Вашите корисници.
На располагање Ви нудиме неколку предефинирани решенија наменети за оние корисници кои сакаат своето присуство на интернет да го реализириаат со помош на модуларно решение специјално прилагодено за нивните потреби. За оние понапредни корисници - нашиот тим го очекува Вашиот предизвик! Контактирајте не!

Референтна листа

 

Видео надзор  
Видео надзорот игра важна улога во безбедноста на компанијата бидејќи овозможува јасна слика на целокупното опкружување во рамките на компанијата во реално време.
Покрај безбедносните елементи видео надзорот може да биде и многу сигурна статистичка компонента во анализата на ефикасноста на една компанија.
За таа цел на располагање Ви нудиме целосна гама на услуги за видео надзор преку ИП технологија која покрај прикажувањето на состојбите во реално време, со помош на скалабилноста на ИП технологијата овозможува и многу напредни техники на дигитално снимање, запишување и чување на податоците.
Посебен акцент даваме на можноста овие услуги да се користат и преку жичани и безжични мрежи со што се овозможува полесна инсталација поради тоа што се користи веќе постојната компјутерска мрежа.
 
 
Компјутерска безбедност и заштита на податоци  
Безбедноста на секој компјутерски систем обезбедува непречена работа во рамките на Вашата компанија.
Под компјутерска безбедност во поширока смисла се подразбира целосна заштита на компјутерскиот систем од сите неочекувани настани кои можат да предизвикаат целосно или делумно откажување на компјутерскиот систем.
Во оваа категорија на услуги спаѓаат системи за заштита од физички оштетувања и кражба на компјутерскиот систем, но и системи кои обезбедуваат заштита на податоците кои се сместени во компјутерскиот систем преку различни начини на нивно чување, архивирање и безбедно копирање.
Дополнителна алка во оваа област претставува крипто заштитата која овозможува заштита на податоците и на целите компјутерски системи од недозволена употреба.
На располагање Ви нудиме целосен спектар на услуги како: криптозаштита на податоци, безбедно чување на податоци и бекап на податоци, процедури за функционирање на компјутерскиот систем во услови на вонредни состојби, и сл.