IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

АЕК – Прв јавен состанок за 2014 год.

На покана на Агенцијата за електронски комуникации, НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ присуствуваше на   Првиот јавен состанок за 2014 год. кој се одржа на 22 Мај 2014 год. со почеток во 10 ч. во новата административна зграда на АЕК – Бизнис сала.
Агенцијата за електронски комуникации воведе нова регулатива за побрз интернет до корисниците.

Предвидено е сите претплатници да имаат пристап до интернет со брзина од 30 Mb во секунда, а на 50 % од претплатниците да им се овозможи интернет со над 100 Mb во секунда заклучно со 2020 година.
Агенцијата за електронски комуникации најави ригорозни казни за мобилните оператори чии услуги кон корисниците се со полош квалитет од предвиденото во претплатничките договори. Мерењата на АЕК покажале дека состојбата е особено загрижувачка во делот на мобилниот интернет.
АЕК во идниот период ќе ја координира и изградбата на подземната инфраструктурна мрежа.