IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

МАСИТ – Ден на иновации

Во организација на МАСИТ – Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии и Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија  на 12  Декември 2012 год. во просториите на Хотел Александар Палас,  се одржа  конференцијата “Ден на иновации”.

На покана на МАСИТ, која со задоволство ја прифатија, присуствуваше и менаџерскиот тим на НЕКСТ-ЕМ дооел.
Присутните гости на овој настан имаа можност да проследат панел дискусија на тема "Иновации" каде говорници  беа претствници од бизнис секторот на Р. Македонија, академската како и владината заедница, претставување на одредени проекти – најдобри практики на тема иновации од странските компании како T- лаб, Германија, КИБУ – Унгарија како и  успешно спроведени проекти и програми на одредени македонски чинители од ИКТ индустријата.
На самиот настан официјално  беше претставен и повикот за Innovation Partner Competition од страна на Македонски Телеком, со помош на кој ќе бидат поддржани и реализирани иновациски проекти.
Во рамки на овој настан  беше одржана и Годишната конференција за бизнис корисници, како присутните компании би размениле искуства, контакти и можност за понатамошна соработка.