IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

АЕК – Втора Меѓународна регулаторна конференција

На покана на Агенцијата за електронски комуникации, менаџерскиот тим на НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Втората Меѓународната регулаторна конференција од 16 до 18 мај 2012 год. во Хотел Инекс Горица  - Охрид.

 

Втора година по ред АЕК  одржа Меѓународна регулаторна конференција со цел да поттикне јавна расправа за прашања што се однесуваат на најновите технолошки достигнувања во областа на електронските комуникации и информатичко општество преку размена на мислења, решенија за можни проблеми, најдобри практики и искуства.
На конференцијата беа поканети претставници на институции и компании од Македонија и од регионот, чија работа е поврзана со пазарот на електронски комуникации. Оваа тридневна конференција, ја отвори директорот на Агенцијата за електронски комуникации, господинот Роберт Орданоски. На неа, беа присутни и претставници од регулаторните тела од повеќе соседни држави.
Втората Меѓународна конференција се одржа како тридневен настан и тоа со агенда:

  • Прв јавен состанок на АЕК во 2012 год. - 16 Мај, посветен на презентација на најновите достигнувања на АЕК и идните стратегиски цели;
  • Ден на ICT 2012 – 17 Мај, посветен на Светскиот ден на телекомуникации и информатичко општество, каде свое учество имаше и Министерот за Информатичко општество г-динот Иво Ивановски,  и
  • Ден на Националните регулаторни тела – 18 Мај, посветен на актуелните прашања и развои на нивните пазари.

Активно учество во делот на размена на мислења, решенија за можни проблеми, најдобри практики  имаше и  НЕКСТ-ЕМ дооел.