IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

N-WEB

N-WEB - хостирани веб сервиси за содржина

Развојот на интернет технологиите предизвикуваат постојано барање на нови иновативни решенија за пласирање на најновите информации до верните посетители. Трендот популарно наречен „Web 2.0“ предизвика вистинска манија кон т.н. интерактивни содржини кои овозможуваат зголемување на посетеноста на Вашата веб страна.

За таа цел, НЕКСТ-ЕМ ДООЕЛ ја создаде групата на производи популарно наречена „N-WEB“ која со помош на модерните веб технологии овозможува најновите информации секогаш да се на располагање на Вас и Вашите посетители. N-WEB се состои од следниве компоненти:

 

N-WEB STATS - систем за анализа на посетеност на веб страна, со можност за правење извештаи за бројот и видот на посетителите, нивните сурферски навики, следење на популарноста на одредени содржини или популарноста на целата страна како целина.

N-WEB POLL - систем за спроведување на анонимни анкети за Вашите посетители, со можност за бирање на Ваши предефинирани одговори на прашањата кои сметате дека во моментот се актуелни за Вас и Вашите посетители.

N-WEB METEO - систем за превземање на моменталните метеоролошки услови за сите поголеми градови во Република Македонија. Податоците се однесуваат на моменталните временски услови презентирани визуелно и нумерички во форма на температура на воздухот, брзина на ветер и релативна влажност на воздухот.

N-WEB SEARCH - систем за пребарување на македонскиот интернет простор, со посебна опција да врши пребарување само на Вашата страна.

 

N-WEB MAILMAN - систем за организација на електронски весник т.н. „newsletter“ кој овозможува корисниците да ги оставаaт своите податоци за оние теми за кои се заинтересирани, за да потоа Вие им презентирате новости по потреба или на определен временски интервал.

При дизајнирањето на производите е водено посебно внимание околу едноставноста на имплементацијата на содржините без посебно предзнаење на програмски јазици или ХТМЛ јазик. Интеграцијата се врши преку едноставно копирање на едноставен код кој веднаш работи на Вашата страна. Превземањето на податоците се врши преку N-WEB серверот со кој што се добива максимален квалитет и брзина на производите.

 

Цени на N-WEB компоненти
N-WEB STATS 600 ден + 18% ДДВ / годишно
N-WEB SEARCH 600 ден + 18% ДДВ / годишно
N-WEB METEO 1200 ден + 18% ДДВ / годишно
N-WEB POLL 1200 ден + 18% ДДВ / годишно
N-WEB MAILMAN 3500 ден + 18% ДДВ / годишно
Попуст доколку се користат повеќе компоненти заедно
5 компоненти 20% попуст
4 компоненти 15% попуст
3 компоненти 10% попуст
2 компоненти 5% попуст