IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

АЕК - Втор јавен состанок за 2011 година

На покана на Агенцијата за електронски комуникации, менаџерскиот тим на НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на вториот јавен состанок за 2011 година кој се одржа во Хотел Холидеј Ин, сала Милениум-Скопје.

По принципот на своето транспарентно делување, АЕК, овие состаноци ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат и запознаат со нејзиното работење, стратегиите, плановите и насоките на развој на нејзиното делување. Со тоа има размена на идеи, сознанија, барања и гледишта за унапредување на работата на АЕК и сите субјекти на пазарот за електронски комуникации. Оваа јавна расправа беше богата со голем број презентации и дискусии како од страната на АЕК така и од субјектите засегнати со дадената проблематика.

Агенцијата за електронски комуникации со цел промовирање на електронските комуникации и поддршка на новите технологии како и поттикнување на користење на широкопојасен интернет, организираше натпревар за изработка на апликации за мобилен телефон. Условите за учество беа објавени на веб страната на Агенцијата www.aek.mk, а презентациите на апликациите влезени во финалето и изборот на три најдобри апликации беа објавени во вториот дел на состанокот.