IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

АЕК - Меѓународна регулаторна конференција

На покана на Агенцијата за електронски комуникации, менаџерскиот тим на НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Меѓународната регулаторна конференција од 16 до 18 мај 2011 во хотел Метропол - Охрид.

На конференцијата беа поканети претставници на институции и компании од Македонија и од регионот, чија работа е поврзана со пазарот на електронски комуникации. Оваа тридневна конференција, ја отвори директорот на Агенцијата за електронски комуникации, господинот Роберт Орданоски. На неа, беа присутни и претставници од регулаторните тела од повеќе соседни држави, меѓу кои од: Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Бугарија, Косово, Албанија, и Турција. Од Агенцијата за електронски комуникации велат дека во иднина тие планираат оваа конференција да се прошири со гости од цела Југоисточна и Западна Европа.

На конференцијата беа прикажани и 11 презентации од областа на електронските комуникации, како дел од денешните активности. Сепак оваа конференција не се состоеше само од презентирање на достигнувањата на Агенцијата за електронски комуникации, туку и прифаќање на меѓународните искуства.

Состојбата на пазарот на електронски комуникации во Република Македонија, Преносливост на бројот, Атлас на телекомуникациска инфраструктура, како и Заштита на правата на корисниците на пазарот на електронски комуникации, се само дел од темите на кои активно дискутираа присутните.

Активно учество во делот на презентациите имаше и техничкиот директор на НЕКСТ-ЕМ со својата презентација на тема: „Еволуцијата на телекомуникацискиот пазар 2008-2011“

AttachmentSize
Презентација101.5 KB